MKinformer

your daily dose of news

Сончево на почетокот на неделата, попладне можни пороен дожд и грмежи

06/07/2026 7:19

На почетокот на новата работна недела времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност.

Во попладневните часови се очекува изолирана појава на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.

Температурите до 34 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринските температури ќе се движат од 9 до 19 степени.

Дневните температури ќе бидат во интервал од 26 до 34 степени.

Времето во Скопје

Во Скопје ќе биде сончево, со мала до умерена облачност.

Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 15 степени, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Нестабилност и во следните денови

До крајот на работната недела и на почетокот на викендот, претпладне ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди.

Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност.

Можно е да има пороен дожд, засилен ветер и грмежи.

Според најавите, нестабилноста ќе биде поизразена особено во вторник.

Дневната температура во следните денови ќе биде во пораст.

error: Содржината е заштитена од копирање !!