MKinformer

your daily dose of news

Македонска дијаспора не постои, постојат македонски државјани во светот

08/07/2026 19:51

Петров: Македонската дијаспора не постои, постојат македонски државјани во светот кои немаат можност да гласаат

Претседателот на СМК во фејсбук статус ги критикуваше изборните модели, пописите и односот кон Македонците по потекло надвор од државата

Дијаспората не постои, македонските државјани во светот постојат

Претседателот на Светскиот Македонски Конгрес (СМК) , Тодор Петров, во објава на Фејсбук го критикуваше досегашниот однос кон избирачкото право на македонските државјани во странство, како и начинот на кој се организираат изборите и пописите во државата.

„По правило, сме за: Сите македонски државјани да гласаат, каде и да се. Не гласаат даночните обврзници, ниту попишаните, гласаат полнолетните од книгата на државјани“ , напиша Петров.

Тој посочи дека македонските државјани во светот се неколкупати помалку од Македонците по потекло, но дека државата се откажала од нив, според него, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

„Во светот како глобално село со високи технологии, не постои дијаспора! Гласаат само македонските државјани, но не сите во светот и татковината сакаат да гласаат“ , додаде Петров.

Критика на изборните модели и пописите

Петров ги критикуваше досегашните изборни модели, особено седмата изборна единица за дијаспората.

„На парламентарните избори 2016 година не се пријавија ниту 6.000 избирачи во седмата изборна единица, еее 6.000 избирачи во цел свет, и власта и опозицијата не мрднаа со малиот прст“ , напиша тој.

Тој посочи дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ останале глуви за овој проблем и дека обврската за активна пререгистрација на избирачите во седмата единица ги одвратила дури и оние кои сакале да гласаат.

Петров остро ги критикуваше и пописите, особено оној од 2021 година, велејќи дека биле полнети со луѓе кои не живеат во Македонија. Тој зборуваше за „100.000 неевидентирани изводи од матични книги на родени“ , како и за „неправилно издадени изводи од матични евиденции“.

„Важно сме 30%, а овие платените говеда во власта инкасираа провизии и ништо не гледаа, ништо не слушаа, ништо не зборуваа“ , напиша Петров.

Избришан членот за македонско државјанство за иселениците

Тој потсети дека Владата го избришала членот од Законот за државјанство за безусловен прием во македонско државјанство за Македонците по потекло во светот.

„Важно, на големо се издаваат албански, српски, бугарски, грчки државјанства на македонските државјани… Не може да се издаваат само македонски државјанства за Македонците по потекло во соседството“ , истакна Петров.

Предлози за промена на изборниот модел

Петров предложи враќање на една изборна единица со преференцијални и отворени листи , за да се тргнат „тендерашите на чело на партиските кандидатски листи“ . Дополнително, тој повика на враќање на мнозинскиот изборен модел со 90 изборни единици, наместо сегашните 120 пратеници.

„120 пратеници не се потребни за држава со 2.000.000 ефективно присутни во Македонија“ , напиша тој.

Борба со паразитизмот во институциите

Петров ги критикуваше и замениците во институциите, повикувајќи на намалување на бројот на вработени во администрацијата.

„Доста со заменици министри, заменици директори, заменици помошници, заменици секретарки, заменици чистачки… Олабавете го буџетот од паразити“ , заклучи Петров.

Својата објава ја заврши со пораката: „Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот. Амин!“

error: Содржината е заштитена од копирање !!