MKinformer

your daily dose of news

Изби пожар на Огражден: Постои опасност за црквата „Св. Петар и Павле“, полетуваат два ер-трактори

14/07/2026 18:40

Шумски пожар избувна денеска околу 16:30 часот на падините на планината Огражден.

Пожарот е регистриран во атарот на селото Бајково, во Општина Ново Село, информираа од Дирекцијата за заштита и спасување.

Поради опасноста од ширење на огнот, загрозена е и црквата „Св. Петар и Павле“.

Полетуваат два ер-трактори

Во гаснењето на пожарот ќе се вклучат два ер-трактори на Дирекцијата за заштита и спасување.

„Поради зголемена опасност од ширење на пожарот и опасност по црквата, ќе полетаат два ер-трактори“, соопштија од ДЗС.

Воздушната поддршка треба да им помогне на екипите што веќе интервенираат на терен.

Пожарникари и доброволци ја бранат црквата

Во гаснењето учествуваат струмичките пожарникари и доброволците од Доброволното противпожарно друштво „Рис“.

На терен се вклучени и неколку жители, кои помагаат во заштитата на црквата.

Екипите се обидуваат да го спречат ширењето на огнот кон верскиот објект и околната шума.

Засега нема информации за повредени лица или за причината за избувнувањето на пожарот.

Не е познато ниту колкава површина е зафатена од огнената стихија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!