MKinformer

your daily dose of news

Нови напади меѓу САД и Иран, има и повредени војници на САД

18/07/2026 9:45

Иран возврати по американските напади, повредени американски војници

Продолжува ескалацијата на конфликтот

Конфликтот меѓу САД и Иран продолжува да се заострува, откако американската војска седма ноќ по ред изведе воздушни напади врз повеќе воени цели на иранска територија. Според американската Централна команда (CENTCOM), цел на нападите биле објекти за надзор, логистичка инфраструктура, подземни складишта за оружје и поморски капацитети. Во операцијата биле ангажирани борбени авиони, беспилотни летала и воени бродови.

Иран возвратил со ракетни напади

Иран соопшти дека како одговор извршил ракетни напади врз американски воени цели во регионот, вклучително и во Кувајт и Јордан. Американски претставници потврдија дека во нападите се повредени 13 американски војници, но засега нема информации за загинати припадници на американската армија.

Од иранска страна, властите тврдат дека во најновите американски напади загинале десетици лица, а стотици биле повредени. Овие бројки засега не се независно потврдени.

Трамп: „Победуваме наголемо“

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека воената кампања против Иран се одвива успешно.

Војната оди добро. Победуваме наголемо во Иран и многу, многу наскоро ќе ги видите плодовите од тој труд“, изјави Трамп.

Во меѓувреме, Вашингтон ги отфрли обвинувањата на Техеран дека американските сили гаѓале цивилна инфраструктура, додека на социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледаат оштетени мостови и патишта во јужниот дел на Иран.

Предупредување за енергетските пазари

Иранската Револуционерна гарда предупреди дека, доколку продолжат американските напади, може сериозно да биде нарушен извозот на нафта, природен гас и други енергенси од регионот, што дополнително ги зголемува стравувањата од нов раст на цените на светските енергетски пазари.

error: Содржината е заштитена од копирање !!