Денеска до 37 степени, попладне можно невреме
21/07/2026 8:03
Денеска сончево и многу топло, попладне можни порои и невреме
Денеска ќе преовладува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, а во попладневните и вечерните часови се очекува зголемена нестабилност на повеќе места.
Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, локално ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а постојат услови и за изолирано невреме со појава на град.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 37 Целзиусови степени.
Во Скопје до 35 степени
Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината се очекува појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура во главниот град ќе достигне до 35 степени.
До петок нестабилно, потоа значително заладување
Според синоптичарите, до петок под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме, проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок се очекуваат пообилни врнежи од дожд.
Поради продорот на постудена воздушна маса од север, температурата значително ќе опадне.





