MKinformer

your daily dose of news

Двајца мигранти, од кои едниот малолетен, приведени откако претепале и ограбиле човек кај Негорци

22/07/2026 10:11

Двајца мигранти од Авганистан, од кои едниот малолетен, биле приведени откако физички нападнале и ограбиле 62-годишен жител на Негорци, Гевгелиско.

СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривични пријави против 19-годишниот М.Ј.М. и 17-годишен мигрант поради сомнение дека сториле кривично дело разбојништво.

Го нападнале и му го одзеле мобилниот телефон

Настанот бил пријавен на 20 јули 2026 година во Полициската станица Гевгелија.

Според пријавата, околу 15 часот, на место викано „Авлаќ“ во атарот на селото Прдејци, двајцата мигранти физички го нападнале П.М. од Негорци.

По нападот му го одзеле мобилниот телефон.

Полицијата ги пронашла во атарот на Прдејци

По пријавата, полициски службеници од ОВР Гевгелија презеле мерки и ги пронашле двајцата мигранти во атарот на селото Прдејци.

При преглед кај 19-годишниот М.Ј.М. бил пронајден одземениот мобилен телефон.

Тој бил лишен од слобода, додека малолетникот бил повикан во Полициската станица Гевгелија.

На едниот му е определен притвор

Со двајцата бил извршен службен разговор, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

По поднесувањето на кривичните пријави, тие биле изведени пред судија од Основниот суд Гевгелија.

На 19-годишниот мигрант му била определена мерка притвор.

Малолетникот ќе биде спроведен во Прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.

error: Содржината е заштитена од копирање !!