MKinformer

your daily dose of news

Мигрант остана без нога во Гевгелија при обид да се качи на воз во движење

07/04/2026 9:32

Мигрант остана без нога во Гевгелија откако паднал при обид да се качи на воз во движење, а композицијата му ја прегазила десната нога.

Според информациите од МВР, случајот бил пријавен на 5 април 2026 година во 18:33 часот во Полициската станица Гевгелија. Несреќата се случила на местото викано „Подвозник“.

Од полицијата информираат дека станува збор за 30-годишен мигрант од Алжир. Тој се обидувал да се качи во воз кој бил во движење, но паднал, по што возот поминал преку неговата десна нога.

Повредениот веднаш бил пренесен во Медицинскиот центар во Гевгелија, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Гевгелија.

Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!