MKinformer

your daily dose of news

Крушево и понатаму без вода за пиење: Забраната останува до резултатите од сите три анализи

25/07/2026 12:45

Крушево и понатаму останува без вода за пиење и домашна употреба, иако првиот примерок од анализата покажал дека водата е исправна.

Забраната воведена од Агенцијата за храна и ветеринарство останува на сила сè додека не пристигнат резултатите од сите три последователни тестирања.

Првиот примерок е исправен

Според досегашните резултати, првиот земен примерок е уреден.

Сепак, тоа не е доволно за целосно укинување на забраната. Надлежните мора да ги почекаат и резултатите од преостанатите две анализи.

Конечна одлука најрано до вторник

Д-р Петар Оханесијан од Центарот за јавно здравје Прилеп изјави дека конечната одлука може да биде донесена најрано до вторник.

„Првиот примерок е уреден, но за целосно укинување на забраната мора да ги почекаме и следните два резултати кои пристигнуваат во понеделник и вторник. Дотогаш, сите препораки за некористење на водата остануваат во сила“, изјави Оханесијан.

Препораките остануваат во сила

До официјалното укинување на забраната, жителите на Крушево не треба да ја користат водата од водоводот за пиење и домашна употреба.

Надлежните ќе ја информираат јавноста откако ќе бидат познати резултатите од сите три последователни тестирања.

error: Содржината е заштитена од копирање !!