MKinformer

your daily dose of news

Силно невреме зафати повеќе делови од Македонија, дожд, град и грмежи и во Скопје

03/09/2026 7:14

Силно невреме зафати повеќе делови од Македонија, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа се регистрирани и поинтензивни процеси со појава на град и суградица.

Според последните информации, најизразена нестабилност има во јужните и источните делови од земјата.

Невреме кај Гевгелија и Берово

Северозападно од Гевгелија и југозападно од Берово се регистрирани поинтензивни невремиња.

Во овие региони има пороен дожд, засилен ветер, грмежи, како и појава на град и суградица.

Нестабилно време е регистрирано и во Валандово, Радовиш и Пробиштип. Таму има поројни врнежи и засилен ветер, а повремени порои се забележани и западно од овие места.

Пороен дожд и грмежи во Скопје

Скопје и околината се зафатени од умерен до пороен дожд.

Врнежите се проследени со засилен ветер и електрични празнења.

Нестабилност има и во повеќе други делови од земјата.

Врнежи од дожд и грмежи се регистрирани во околината на Велес, Штип, Неготино, Кавадарци, Свети Николе, Демир Хисар, Крушево и Виница.

Силно невреме зафати повеќе делови од Македонија, а локално и натаму има услови за поинтензивни поројни врнежи, грмежи и засилен ветер.

error: Содржината е заштитена од копирање !!