Дрвокрадци нападнале шумски полицајци со моторна пила
30/04/2026 12:35
Две лица од селото Црнилиште, општина Долнени, се приведени по сериозен инцидент при обид да биде спречена бесправна сеча во атарот на селото Стровија.
Според информациите од МВР, шумски полицајци од Прилеп затекнале двајца мажи, Т.Т. (33) и Џ.Т. (59), како нелегално сечат огревни дрва.
Наместо да постапат по наредбите на службените лица, тие станале агресивни. При интервенцијата, еден од нив со вклучена моторна пила се залетал кон шумски полицаец и сериозно ја загрозил неговата безбедност.
По инцидентот, двајцата избегале од местото. Набрзо потоа биле пронајдени и лишени од слобода од полициски службеници од Ропотово, во нивното родно село Црнилиште.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Станува збор за напад врз службено лице и бесправна сеча.




