Милчин за новиот собраниски состав: Лakоми нepaботници, цел живот на тyѓ грб живeaт
26/08/2020 10:14Владимир Милчин го коментира зголемувањерто на бројот на потпретседатели на Собранието на петмина.

„НАРОДНИ ИЗЕДНИЦИ
Штом прочитав дека нашето Собрание ќе има 5 (пет) потпретседатели, се сетив на два подзаборавени збора што ги употребуваа дедо ми Коста и татко ми Илија: Арамолепци и изедници.
Ги побарав во Толковниот речник на македонскиот јазик и, види чудо, ги најдов:
Арамолебец, мн. арамолепци: Неработник, легач, мрзлив човек.Изедник, мн. изедници: 1. Тој што многу јаде, ненаситен, лаком. 2. (прен.) Тој што живее на туѓ грб, експлоататор. Народни изедници. Да, така пишува во речникот. Народни изедници! Да се радувам што народецов наш толку точно ги дефинирал тие што му ја јадат не само душата, за тоа има збор душовадник, или да колнам што архаизмите не ја изгубиле актуелноста. Минатото ни е сегашност, се прашувам што ќе ни биде иднината. Знае ли некој колку пари нè чини законодавната власт, па извршната власт, па градоначалниците, па општинските советници, па судската власт, па… Нема крај. Но има дно. Кај Максим Горки, На дното!“, коментира поранешниот прв човек на „Институт Отворено општество – Македонија“.
https://www.facebook.com/vmilcin/posts/10158539018223374






