MKinformer

your daily dose of news

Почина судијата Френк Каприо – симбол на сочувство и човечност во судницата

23/08/2025 12:20

Судијата Френк Каприо, познат ширум светот по својата сочувствителност и човечки пристап кон луѓето во судницата, почина на 88-годишна возраст по долга борба со рак на панкреасот.

Веста за неговата смрт беше објавена на социјалните мрежи, преку порака во која се истакнува дека Каприо „починал мирно, по долга и храбра битка со болеста“.

Во објавата се нагласува дека неговата „сочувство, скромност и непоколеблива вера во добрината на луѓето“ оставиле силен впечаток кај милиони ширум светот.

„Неговата топлина, хумор и љубезност оставија неизбришлив белег кај сите што го познаваа. Тој ќе биде запаметен не само како почитуван судија, туку и како посветен сопруг, татко, дедо, прадедо и пријател. Неговото наследство живее во безбројните дела на добрина што ги инспирираше,“ се наведува во соопштението.

Во чест на неговиот живот, семејството повикува луѓето да внесат повеќе сочувство и добрина во светот – како што тоа го правеше Френк Каприо секој ден.

error: Содржината е заштитена од копирање !!