Фатени 22 мигранти покрај пругата кај Велес
17/09/2020 11:10Вчера вечер покрај пругата во Велес биле затекнати 22 миграни.

Според информациите на МВР, во 20.40 часот во Велес, покрај железничката пруга Гевгелија– Скопје, полициски службеници пронашле 22 мигранти, меѓу кои и двајца малолетници. Десетмина од мигрантите се од Бангладеш, седум од Пакистан и пет од Авганистан.
Тие биле предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ и ќе бидат транспортирани во Транзитен центар Винојуг-Гевгелија.






