Во Скопје caнкциoниpaни 325 вoзaчи, нajмнoгy зa бpзo вoзeњe
23/09/2020 10:23На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден полицијата спроведење засилени акциски контроли во областа на сообраќајот при што се изречени вкупно 325 санкции, од кои најмногу – 128 за брзо возење.
![]()
– На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 325 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 18 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 128 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 11, девет санкционирани мотоциклисти, 78 мерки за непрописно паркирани возила и 74 возила подигнати со пајак (вкупно 152), а изречени се и 36 санкции за неносење на заштитна маска, информираат од МВР.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.





