MKinformer

your daily dose of news

Гори трева кај РЕК Битола

29/09/2020 19:24

Во вечерните часови дојде до запалување на трева и нискостеблеста шума, на и под одлагалиштето за пепел во РЕК Битола.

Надлежните служби на РЕК Битола веднаш излегоа на терен и состојбата е под контрола. Направени се ровори за пресретнување на пожарот, а известени се и противпожарните единици доколку има потреба да реагираат.

Во пожарот не се зафатени ниту машини, нути било каква друга инфаструктура на комбинатот, велат од РЕК Битола.

error: Содржината е заштитена од копирање !!