ХЕЛИКОПТЕР СЕ СРУШИ НА КРОВОТ НА БОЛНИЦА ДОДЕКА НОСЕШЕ СРЦЕ ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА ПАЦИЕНТ (ВИДЕО)
11/11/2020 19:34Хеликоптер кој доставуваше срце за трансплантација во болница во источен Лос Анџелес се урна на покривот на болницата, но хаосот не запре тука.
Откако срцето било спасено, лекарот паднал на земја пред успешно да му биде пресаден на пациентот.
За среќа, двајца патници од хеликоптерот и пилотот не се повредени.
Драматичното видео покажува како медицински хеликоптер се врти неконтролирано непосредно пред да се спушти на покривот.
Хеликоптерот слета на хелиодромот и се преврте настрана пред да запре на работ на покривот, пишува Дејли меил. Болницата потврди дека никој од персоналот кој го поздравил срцето не е повреден.
Пожарникарите брзо работеа на спасување на срцето, па со тешка опрема се обидоа да го исечат металот и да го извадат срцето. Тие успеале да го предадат на медицински работник кој сакал што побрзо да го преземе.
Сепак, тој се сопна во брзината и срцето падна на земја. За среќа, немаше оштетување на органот, па подоцна беше успешно трансплантиран.






