(Видео) Трагедија во Њујорк: Шест загинати во хеликоптерска несреќа над реката Хадсон
11/04/2025 10:15BREAKING: Agustin Escobar, President and CEO of Siemens in Spain, along with his wife and their three children, were identified as the victims of the helicopter that plunged into the Hudson River in New York City on Thursday, according to the New York Post.
The New York… pic.twitter.com/cGOiJWGFAx
— RedWave Press (@RedWave_Press) April 11, 2025
Извршниот директор на германскиот технолошки гигант „Сименс“, заедно со неговата сопруга и трите деца, загинаа во тешка хеликоптерска несреќа што се случи над реката Хадсон, помеѓу Менхетен и брегот на Њу Џерси. Според извештајот на противпожарната служба на Њујорк, несреќата се случила околу 15:17 часот по локално време.

Сите шест лица кои се наоѓале во леталото го загубиле животот, потврдија властите.
Очевидецот Брус Вол изјави дека хеликоптерот буквално се распаднал во воздух – опашката и пропелерот се откинале додека хеликоптерот сè уште бил во лет. Пропелерот продолжил да се врти додека самостојно паѓал кон реката.
На социјалните мрежи се појави видео кое покажува расфрлани делови од хеликоптерот во водата и потонато летало, околу кое кружеле спасувачки чамци. Времето за време на несреќата било облачно, но видливоста не била значително намалена.
Федералната управа за авијација (FAA) го идентификуваше хеликоптерот, а Националниот одбор за безбедност во транспортот (NTSB) започна официјална истрага за причините што довеле до оваа трагедија.






