MKinformer

your daily dose of news

229 санкционирани возачи во Скопје, од кои 113 во Центар

28/11/2020 9:57

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 299 мерки, меѓу кои 34 за возење без возачка дозвола, 23 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор и 29 мерки за користење на мобилен телефон. Изречени се 95 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 65 возила со специјално возило пајак. За неносење на  заштитна маска изречени се 10 санкции.

Само на територијата на Општина Центар изречени се вкупно 113 мерки од кои 17  за возење без возачка дозвола, 9  за нерегистрирани возила и други останати прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

error: Содржината е заштитена од копирање !!