ВЛАДАТА УТВРДИ ПРЕДЛОГ – ЗАКОН ЗА НОВ УНИВЕРЗИТЕТСКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
01/12/2020 19:47Владата на седница го утврди предлог-законот за реализација на проектот „Нов универзитетски клинички центар“.
Овој закон е по предлог на Министерството за здравство, а со него се уредуваат постапката и условите за реализација на проектот, односно изградба и ставање во употреба на комплексот на градби како градби од значење за Републиката.
Од Владата велат дека со предложените решенија ќе се овозможи унапредување на ефективноста и ефикасноста на терциерното здравство во земјата преку реализација на проектот „Нов универзитетски клинички центар“ и ќе се обезбеди континуитет во обезбедувањето висококвалитетни здравствени услуги за населението на целата држава.
„Предлог-законот опфаќа и реализација на дополнителни инфраструктурни услови за третман и сузбивање заразни болести и инфекции заради заштита на населението од заразни болести, оптимизација на времето, трошоците или другите ресурси, со цел ефикасна реализација на проектот ‘Нов универзитетски клинички центар’ преку посебни услови и постапки за доделување договори за јавна набавка на стоки, услуги и работи за потребите на проектот ‘Нов универзитетски клинички центар’, како и други прашања уредени со овој предлог-закон“, информираат од Владата.
Финансиските средства за реализација на овој болнички комплекс ќе се обезбедат од буџетот на Република Северна Македонија.




![Втop cocтaнoк на работната група за кaнaбиc, дeфиниpaни пoимитe дeкpиминaлизaциja, лeгaлизaциja и дeпeнaлизaциja kanabis-biznis[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/kanabis-biznis1.jpg)

