Познат скопски ди-џеј си ја продава опремата за како што самиот вели, за да преживее
05/02/2021 15:05Познатиот ди-џеј Пикискипи во наједноставна форма го сублимира секојдневието во кое се наоѓаат одредени професии и работници од музичката индустрија.
Тие се приморани да ја продаваат сопствената опрема за да преживеат периодов кога не се ангажирани и не можат да заработат за ова „невреме“.
Неодамна на порталите осамна и информација дека и познатиот ди-џеј Панчо ја сменил професијата и бил приморан да работи како пица мајстор во еден познат скопски ресторан, само за да заработи за да преживее.
Владата неодамна се пофали дека со мерките ќе ги опфати и музичките работници, но по се изгледа според принципот за некого мајка и маќеа, опфатот сепак е селективен.







