MKinformer

your daily dose of news

Лукашенко co jacнa и глacнa пopaкa – Aкo вo Белорусија нeштo „eкcплoдиpa“ ќe зaпoчнe cвeтcкa вojнa

26/05/2021 12:33

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, ги предупреди „малициозните луѓе“ да не преземаат избрзани потези затоа што, доколку „нешто експлодира“ во Белорусија, ќе започне нова светска војна.

„Целта е јасна. Знаеме кој е одговорен за демонизирање на Белорусија. Ние сме мала земја, но ќе одовориме соодветно. Постојат слични примери во светот. Дури и пред да преземете остри, непромислени активности, запомнете дека Белорусија е центар на Европа. И ако нешто избувне тука, тоа ќе биде нова светска војна“, рече претседателот во парламентот во Минск.

Лукашенко предупреди дека неговата земја е под невиден притисок. Според него, најновите настани покажуват дека властите не предупредувале залудно за зајакнување на екстремизмот.

„Приказната за обидите за државен удар, физичкото отстранување на највисоките службеници, како и изолацијата на раководството на Белорусија – е јасна потврда за тоа. „Погледнете го досега невидениот притисок што се вршеше на теренот, како тие сакаат агресивно да не казнат, да не стават на нашето место и да не испровоцираат со користење на највалканите методи и технологии“, рече шефот на Белорусија.

Целокупната ескалација од страна на Западот е нивната завист, немоќ и гнев, бидејќи тие не успеаја да го реализираат вооружениот бунт и државен удар во Белорусија, ниту ќе успеат, посочи Лукашенко. Тој исто така ги обвини оние што не сакаат добро за неговата земја дека се обидуваат да ја задушат Белорусија.

Во исто време, претседателот предупреди дека Белорусија остро ќе одговори на сите санкции, напади и провокации на Западот, бидејќи Минск нема друг избор.

„Треба да бидете запрени денес, бидејќи утре може да биде доцна“, рече тој.

Лукашенко додаде дека е убеден дека уличните протести во Белорусија нема да се повторат, бидејќи екстремистите и терористите повеќе нема да можат да манипулираат со белорускиот народ.

error: Содржината е заштитена од копирање !!