MKinformer

your daily dose of news

Би3apна нecpeќа: 3aгина Кевин Клapk, ѕвездата од филмот „Училиште за pok“

27/05/2021 13:50

Многумина се сеќаваат на русокосиот тапанар Фреди Џонс, од филмот „Училиште за рок“, поради што веста за смртта на актерот кој го глумеше, Кевин Кларк (32) , ги шокираше.

Според пишувањето на „Њујорк пост“, Кларк возел велосипед во населбата Авондејл, Чикаго, кога на него налетал автомобил марка „хјундаи соната“, а со кој управувала 20-годишна девојка.
Иако полицијата и брзата помош брзо стигнале на местото од несреќата и Кларк бил префрлен во болница, тешките повреди резултирале со негова смрт, два часа по полноќ.

Веста за неговата смрт го погоди актерот Џек Блек, со кој глумеа заедно во „Училиште за рок“ и со кој останаа во добри односи.

„Примив страшна вест. Кевин нè напушти. Прерано замина. Беше прекрасна личност и имаме толку многу заеднички спомени. Срцето ми е скршено и испраќам љубов до целото негово семејство“ – напиша тој во објавата на својот инстаграм-профил.

error: Содржината е заштитена од копирање !!