MKinformer

your daily dose of news

СЗО предупредува, на светот му се зakaнуваат нови вируси, пooпcсни од Ковид-19

28/05/2021 16:05

Иако голем број на земји ги олабавија мерките откако бројката на новозаразени во изминатиот период опадна, СЗО долгорочно нема баш оптимистични прогнози.

Имено, како што порача шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејсус, на светот му се заканува појава од нови вируси, поопасни од актуелната пандемија на Ковид-19. Тој истакна дека голем број на земји и здравствени системи направиле многу против овој вирус, но се додека истиот се шири и мутира, нема време за опуштање.

„Нема сомнеж, ова не е последната закана за пандемија со која светот ќе се соочи. Јасно е дека ќе се појави нов вирус, потенцијално посмртоносен и позаразен“, порача Гебрејсус.

Тој ја критикуваше нееднаквоста во врска со дистрибуцијата на вакцината, истакнувајќид дека повеќе од 75% од сите вакцини се распределени во само 10 држави ширум светот.

„Не може ова да се каже на поинаков начин – мала група на земји кои ја произведуваат и купуваат вакцината ја контролираат судбината на остатокот од човештвото“, изјави шефот на Светската здравствена организација.

error: Содржината е заштитена од копирање !!