MKinformer

your daily dose of news

СЗО прогласи висока тревога од Ебола, САД затвораат граници

21/05/2026 7:44

СЗО прогласи висока тревога поради ебола: Нов сој на вирусот нема вакцина, загрозени три држави

Итна ситуација од меѓународна загриженост

Светска здравствена организацијаЕвропскиот центар за превенција и контрола на болести и регионалните здравствени системи во Африка прогласија состојба на висока тревога поради новата епидемија на ебола што се шири во Демократска Република Конго и Уганда.

Ситуацијата е оценета како „итна ситуација од меѓународна загриженост“ , со повеќе од 300 сомнителни случаи и најмалку 88 потврдени смртни случаи. Дел од официјалните извори во Конго наведуваат дека бројот на жртви веќе надминал 134.

САД воведоа 30-дневна забрана

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изразил сериозна загриженост за брзината со која се шири вирусот.

Во меѓувреме, САД воведоа привремена 30-дневна забрана за влез за патници кои доаѓаат од Конго, Уганда и Јужен Судан.

Три фактори кои ја прават кризата опасна

Експертите од ECDC предупредуваат на три клучни фактори:

  1. Доцно откривање, вирусот долго време се ширел незабележано, реалниот број на заразени може да биде многу поголем

  2. Географска изолираност, жариштето во покраината Итури е далеку од Киншаса, со лоша инфраструктура и вооружени судири

  3. Нов сој на вирусот, станува збор за реткиот сој Бундибугио

Бундибугио – сој без вакцина

Најголема загриженост предизвикува самиот сој на вирусот, реткиот Бундибугио, за кој нема одобрена вакцина или специфичен третман.

За разлика од познатиот заирски сој, овој сој последен пат бил регистриран во 2012 година. Научниците предупредуваат дека неговата непредвидливост отвора нови ризици за глобалното здравје.

Што е ебола?

Еболата е ретка, но исклучително опасна вирусна инфекција со висока стапка на смртност.

Симптоми: висока температура, болки во мускулите, главоболка, дијареја, силна исцрпеност. Во потешки случаи, внатрешно и надворешно крварење.

Пренос: директен контакт со крв, телесни течности или ткива на заразени лица (живи или починати). Инкубациониот период трае од два до 21 ден.

error: Содржината е заштитена од копирање !!