MKinformer

your daily dose of news

(Фото) Втop пaт фaтeн гoл пpeд кaмepa: Пoлитичap ypиниpaл cpeдe oнлajн ceдница нa Пapлaмeнтoт

01/06/2021 9:08

Канадскиот политичар и пратеник Вилијам Амос бил фатен на камера како уринира за време на виртуелна парламентарна седница.

По инцидентот тој се извинил преку Твитер.

“Уринирав без да сфатам дека сум пред камера. Навистина се срамам од своите постапки и непријатностите што ги предизвикав на сите што можеа да го видат тоа”, напишал тој во изјавата што ја споделил на Твитер.

Објава на Твитер може да погледнете ТУКА.

„Иако инцидентот не е видлив за јавноста, ова беше целосно неприфатливо и се извинувам“, додаде тој.

Ова е втор пат за месец и половина Вилијам Амос да биде фатен гол пред камерите. Канаѓанецот се појавил целосно гол на состанокот на Долниот дом на канадскиот парламент одржан преку Зум во средината на април.

Снимката од видео повикот стана вирална на Интернет.

“Денес направив грешка за што ми е многу непријатно. Камерата случајно остана вклучена додека се пресоблекував, откако се вратив од трчање. Искрено им се извинувам на колегите. Тоа беше случајна грешка што нема да се повтори”, напишал тој на Твитер по првиот инцидент.

This image has an empty alt attribute; its file name is politicar-mocko.png

Објавата на Твитер може да ја погледнете ТУКА.

error: Содржината е заштитена од копирање !!