Организирана kpиминална бaндa во Штип kpaдела шини за изградба на мост
28/06/2021 20:46Организирана криминална банда крадела шини за изградба на мост. Штипските полциски службеници од слобода лишиле четири лица, на возраст од 38 до 51 година, сите од Штип.
Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова во писменото соопштение наведува дека околу 19.30 часот во атарот на село Пенуш, со употреба на сила и погоден предмет лицата пресекле и одзеле шина која требало да се користи за изработка на мост.
Во интерес на истрагата не се открива дали материјалот е украден од мост кој во моментов се гради или, пак, станува збор за веќе изграден. Најден е и материјал, кој бил подготвен за транспорт. Шините биле примамливи за крадците, бидејќи е висока цената на железото, кое се користи во градежништвото.
Од полицијата наведуваат дека се работи на комплетирање на случајот по што против крадците ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.


![Гoлeмa тpaгeдиja ја трece Македонија: Момче и девојка cи ги oдзeдoa живoтитe - пpичинa нeдoзвoлeнa љyбoв? korona-samoubistvo[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/korona-samoubistvo1.jpg)


![МУ ПРОВАЛИЛ ДОМА, ГО ТЕПАЛ ПА ГО КИДНАПИРАЛ ЗАШТО МУ ДОЛЖЕЛ ПАРИ policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)
