Дрска кражба: Однесен банкомат од Веро Џамбо
10/07/2026 20:04
Среде ноќ украден банкомат од Веро Џамбо
Крадците насилно го отвориле и одзеле пари
Непознати сторители ноќеска извршиле дрска кражба во трговскиот центар „Веро Џамбо“ во скопската општина Центар, при што насилно отвориле банкомат и одзеле пари.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 10 јули 2026 година околу 03:15 часот.
Полицијата трага по сторителите
Според информациите од МВР, неколку лица насилно го отвориле банкоматот, ги одзеле парите и веднаш го напуштиле местото на настанот.
Во моментов полицијата презема мерки за идентификување на сторителите и целосно расчистување на случајот.






