MKinformer

your daily dose of news

Организирана kpиминална бaндa во Штип kpaдела шини за изградба на мост

28/06/2021 20:46

Организирана криминална банда крадела шини за изградба на мост. Штипските полциски службеници од слобода лишиле четири лица, на возраст од 38 до 51 година, сите од Штип.

Портпаролот на СВР-Штип Гордана Панајотова во писменото соопштение наведува дека околу 19.30 часот во атарот на село Пенуш, со употреба на сила и погоден предмет лицата пресекле и одзеле шина која требало да се користи за изработка на мост.

Во интерес на истрагата не се открива дали материјалот е украден од мост кој во моментов се гради или, пак, станува збор за веќе изграден. Најден е и материјал, кој бил подготвен за транспорт. Шините биле примамливи за крадците, бидејќи е висока цената на железото, кое се користи во градежништвото.

Од полицијата наведуваат дека се работи на комплетирање на случајот по што против крадците ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

error: Содржината е заштитена од копирање !!