Пpeтpec во Прилеп, пронaјдени opyжје и мyниција
05/07/2021 14:59Денеска (05.07.2021) полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп, по добиена судска наредба извршија претрес во дом и други простории кај Д.Р.(50) од Прилеп. При претресот се пронајдени и одземени пушка „Црвена застава” калибар 16 мм, пиштол германско производство калибар 9 мм, 4 парчиња спорогоречки штапин за експлозив, детонаторска каписла број 8, 10 парчиња муниција 7,9 мм и 6 ловечки патрони, за кои не поседувал дозвола.
По целосно документирање на случајот против Д.Р. ќе биде поднесена кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали”, казниво по чл.396 од Кривичниот законик.


![Пoднeceн oбвинитeлeн aкт пpoтив ocyм лицa, пpипaдници нa ИCИC policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)

