MKinformer

your daily dose of news

ПРЕТРЕСИ ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ, СЕ АПСИ ЗА НЕЛЕГАЛНО ОРУЖЈЕ, ЧЕТВОРИЦА ПРИВЕДЕНИ

24/05/2025 15:11

Полициски службеници од СВР Битола и ОВР Прилеп извршија неколку акции за пронаоѓање нелегално оружје во повеќе села.

Во село Обршани, приведен е 41-годишниот Д.М., откако при претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени ловечка пушка и патрони од различен калибар.

Во битолското село Цапари, полицијата го лишила од слобода Ј.Н. (44), кај кого биле откриени пет пушки, четири пиштоли и 39 парчиња муниција од различен калибар.

Во село Пресил, полициски службеници од ОВР Прилеп и ОВР Крушево го привеле И.Р. по претрес извршен со наредба од Основниот суд Прилеп. Притоа биле пронајдени две рамки за пиштол и разновидна муниција.

Во село Горно Ботушје, општина Македонски Брод, приведен е З.М. (58). При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основниот суд Кичево, биле откриени 15 патрони за ловечка пушка и делови за оружје.

МВР информира дека по целосно документирање на случаите, против сите инволвирани лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

error: Содржината е заштитена од копирање !!