MKinformer

your daily dose of news

„Лидл“ со извинyвање до клиентите, им продавале вода наместо млеко

14/07/2021 19:51

Компанијата „Лидл“ испрати извинување до граѓаните поради техничка грешка при која наместо млеко, во некои пакувања се најде вода.

„Лидл“ објави дека лабораториските анализи на 42 примероци со ист број ЛОТ, потврдуваат дека нема отстапувања во квалитетот на производот, но дека има техничка грешка при пакувањето и дека станува збор за вода.
„Производот е безбеден и не доведува до ризик по здравјето, а сите преостанати количини на тој производ се повлечени од продажба“, наведува Лидл.
Тие забележуваат дека компанијата, во својот асортиман, има под својот бренд само производи од добавувачи кои се сертифицирани според највисоките меѓународни стандарди за квалитет и безбедност.
„Жал ни е што предизвикавме непријатности и ги повикуваме сите потрошувачи кои го купиле овој производ и забележале дефект да контактираат со нашата служба за корисници или директно во продавницата за да можат да го заменат производот или да ја вратат сумата, со цел да ја оправдаме довербата“, порачаа од„ Лидл “, пренесува РТС.

error: Содржината е заштитена од копирање !!