Првото вештачко cpце за тpaHсплантација било продадено од компанијата „Кармат“
19/07/2021 14:29Француската компанија за медицинска простетика „Кармат“ објави дека првпат продала вештачко срце кое ќе биде трансплантирано во италијански пациент, пренесува „The Economic Times“.
Операцијата била направена од тим воден од кардио хирургот д-р Чиро Мајело во болница во Неапол, еден од центрите што имал најголемо искуство во полето на вештачки срца, велат од компанијата „Кармат“.

Компанијата, во декември 2020 добила дозвола за продажба на „Aeson“ вештачкото срце, замислено како „мост кон трансплантација“, кое би се вградувало додека пациентот не добие орган.
Портпаролка на компанијата изјавила дека ова е првпат вештачко срце да биде искористено надвор од клиничко тестирање. Трошоците за операцијата – 177, 000 евра биле платени од регионалниот здравствен систем.
http://objektiv.com.mk/2021/07/19/%d0%bf%d1%80%d0%b2%d0%be%d1%82%d0%be-%d0%b2%d0%b5%d1%88%d1%82%d0%b0%d1%87%d0%ba%d0%be-cp%d1%86%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d1%82pah%d1%81%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d0%bd%d1%82%d0%b0%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b1/






