MKinformer

your daily dose of news

(Фото) Секоја чест, гордост македонска: Дејан Георгиевски пристигна на плоштадот Македонија

29/07/2021 18:38

Македонскиот олимпиец во таеквондо Дејан Георгиевски со олимпиското сребро на вратот, пристигна на плоштад Македонија, каде е организиран голем пречек за спортскиот херој.

Со големи овации Дејан, кој на Олимписките игри во Токио освои сребрен медал за Македонија во категоријата +80 килограми, беше пречекан од голем број лица.

Се вејат македонски знамиња и се извикува неговото име. Нашето златно момче Дејан кој освои сребро на Олимпијадата помина под Триумфалната порта.

Граѓаните го поздравуваат свиркајќи од автомобилите и извикувајќи го неговото име.

 

error: Содржината е заштитена од копирање !!