MKinformer

your daily dose of news

(Видео) Дpaмa вo Шпанија: Пopaнeшнa белгиска миcицa пpeтeпa дeвojкa нa пapкинг

06/08/2021 12:33

Поранешна мисица на Белгија, Тања Декстерс, претепала жена на паркинг во шпанското летувалиште Пуерто Банус, пренесуваат медиумите. Луѓето кои што се нашле во близина го снимиле инцидентот во кој покрај Декстерс учествувале и нејзиното момче Мајкл Петерс и момчето на другата девојка.

Немилиот настан почнал кога момчето на претепаната девојка се обидел да го паркира својот автомобил, но, Тања и Мајкл со нивните пријатели не му дозволиле. Тој се обиде да помине покрај нив, па случајно поминал на нечии стапала, по што настанала расправија.

Адвокатот на Тања, Омар Суиди, за недиумите изјавил дека расправијата прераснала во физичка тепачка кога возачот и неговата девојка излегле од автомобилот, и дека никој не бил сериозно повреден во тепачката.

error: Содржината е заштитена од копирање !!