MKinformer

your daily dose of news

(Видео) Еве како изгледа Франција по Koвид пpoпусницата, кафулињата празни

12/08/2021 10:32

Полицијата во Франција започна да ја спроведува и проверува мерката дека само оние кои имаат ковид пропусница можат да влегуваат во кафулиња и ресторани, што доведе до тоа што многу од нивните маси и столови да бидат празни бидејќи Французите наместо тоа вечераа во паркови и улици на отворено.

Видеото што кружи по социјалните мрежи, снимено од фотограф на Ројтерс, покажува како француската полиција ги проверува документите на присутните гости. Тие што немаат ковид пропусници се соочуваат со казна од 135 евра, која се зголемува на 9.000 евра за повторени прекршоци.

Судејќи според фотографиите и видеата од социјалните мрежи, многу кафулиња беа целосно празни бидејќи нивните редовни клиенти одлучија да седнат надвор.

Пропусницата, воведена од францускиот претседател Емануел Макрон, е задолжителна за влез во музеи, кина, базени и други места.

error: Содржината е заштитена од копирање !!