MKinformer

your daily dose of news

(Видео) Необичен феномен на небото над Мексико по силниот земјотрес

09/09/2021 20:00

Силниот земјотрес со јачина од 7 степени по Рихтер, што вчера го погоди Мексико, предизвика чудни необјасниви појави на небото над Акапулко.
Феноменот на осветлување на небото за време на земјотрес или по него, е редок, но во Мексико веќе се има појавено по силниот земјотрес со јачина од 8.1 степен, во 2017 година.

Ова светење на небото, кое оттогаш наваму се нарекува мексиканско земјотресно светло, сѐ уште им задава главоболки на научниците бидејќи не можат да соодветно дадат објаснување на што се должи оваа појава, пренесува Дневник.хр.

„Светлата можат да имаат многу различни форми и бои“, рече Фридман Фројд, професор по физика на Универзитетот во Сан Хозе и виш истражувач во истражувачкиот центар Ејмс на НАСА, за Националната географија во 2014 година.

Тој и неговите соработници проучувале 65 извештаи за такви светла кои датираат уште од 1600 година. Тие заклучија дека светлата се предизвикани од електрични полнежи активирани во одредени видови карпи за време на сеизмичка активност.

„Тоа е како да вметнете батерија во Земјината кора“, напишаа тие во својата студија, која заклучи дека таканаречените светла се случуваат во 0,5 проценти од сите земјотреси на Земјата, според National Geographic.

Некои други истражувања сугерираат дека трепкањата се случуваат бидејќи движењето на тектонските плочи создава таканаречен пиезоелектричен ефект, што значи дека карпите што носат кварц под притисок произведуваат силни електрични полиња.

error: Содржината е заштитена од копирање !!