(Видео) Неверојатен талент: Четири годишно девојче го освои светот со изведбата на пијано
13/08/2021 21:404-годишно девојче стана сензација во Соединетите држави. И покрај возрастa, тоa добро свири пијано. Детето веќе имаше концерти во некои од најпознатите сали во светот.
Родителите на 4-годишната Бриџит Си од американската држава Конектикат случајно дозналe за нејзиниот талент. „За време на пандемијата, нашето училиште започна да нуди часови по пијано преку Интернет. Родителите на Бриџит ja запишаа“, вели Фелисија.
Мајката и таткото на девојчето бараа начин да ја одржат зафатена за време на заклучувањето. Таа била запишана на часови по пијано само два месецa откако наполнила 3 години. „На почетокот, воопшто не очекувавме дека ќе биде суперталентирана. Баравме нешто да направиме додека беше затворено “, рече Тао Кси.
„Мислам дека тоа е само една од работите што таа сака да ги прави. Таа очигледно има талент и е љубопитна за музиката“, додава Никол Сан.
Наставничката на 4-годишната пијанистка вели дека има навистина неверојатно ниво на концентрација за толку мало дете. Покрај тоа, таа ја покажа способноста многу брзо да го согледа она што и беше покажано.
Девојчето предизвикува голем интерес кај публиката. Таа веќе има 12 концерти, вклучително и во њујоршката Карнеги Хол.






