(Видео) Двегодишно девојче само преживеало четири дена во дивината
25/08/2021 19:41Четиридневната потрага по исчезнатото девојче во Русија се завршила среќно, кога волонтерите ја пронашле малата Људа во шума во близина на нејзиниот дом.
Имено, малата Људа Кузина исчезнала во шума во близина на семејната куќа во рускиот регион Смоленск, западно од Москва, откако нејзината мајка на кратко отишла кај сосетката, без да забележи дека по неа се упатила и нејзината 2-годишна ќерка, пренесува “BBC”.
Речиси 400 луѓе, во главно мештани и полицајци, се вклучиле во големата потрага која завршила среќно по четири дена. Една од групата трагачи ги слушнала повиците за помош на Људа, па ја пронашле на место оддалечено два километри од нејзиниот дом.
Немала ни храна ни вода со себе, а кога ја пронашле била прекриена со трагови од убоди од инсекти. Нејзината мајка Антонина Кузина, по завршувањето на потрагата, дала изјава за “Комсомолскаја правда”.
“Кажа дека повеќе никогаш нема да се изгуби така. Но не сум сигурна колку ќе се држи до тоа ветување”, рекла шеговито мајката и додала дека волонтерите и кажале дека девојчето е пронајдено во близина на местото на кое ја барале првиот ден, но дури четвртиот ден, водени од звуците, успеале да ја пронајдат.
Оваа приказна малку потсетува на настан од 2016-та година, кога 3-годишниот Черин Допчут преживеал три дена во сибирска шума, живеалиште на волци и мечки. Но, за разлика од него, кој имал чоколадо, Људа во себе немала ништо, па вистинско чудо е како преживеала.


![Трамп ѝ постави ултиматум од милијарда долари на „BBC“ tramp1[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/08/tramp11.jpg)


![Лавров до Европа: Ако Русија биде нападната, одговорот ќе биде катастрофален 453624-lavrov-ne-smee-da-se-dozvoli-vooruzhen-sudir-na-balkanot[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/453624-lavrov-ne-smee-da-se-dozvoli-vooruzhen-sudir-na-balkanot1.jpeg)
