MKinformer

your daily dose of news

„Инcтaгpaм“ пaднa, инфлyeнcepитe вo пaниka – Луѓe oд цeлиoт cвeт пpиjaвyвaaт пpoблeми

02/09/2021 12:18

Илјадници корисници на Инстаграм, вклучително и во Македонија, моментално имаат проблеми со оваа популарна апликација.

Корисници на Твитер објавија дека оваа апликација не работи правилно. Забележано е дека апликацијата се урнала или не вчитала никакви објави.

Некои корисници, исто така, имаат проблеми со испраќање инстант пораки.

Челниците на оваа компанија допрва треба да дадат изјава за истото.

Многу корисници добиваат и порака од апликација која гласи: „Жал ни е, но нешто не е во ред. Ве молиме обидете се повторно“.

Во моментов не е јасно што точно е проблемот со Инстаграм. Компанијата се уште нема соопштение за проблемите и не ги потврдила деталите.

Корисниците пријавуваат грешки од 10:35 часот, а проблемот се уште не е решен.

error: Содржината е заштитена од копирање !!