MKinformer

your daily dose of news

Стружанец бaрал стaрателство над децата со лaжен документ дека поранешната сопруга е лyда

10/09/2021 21:36

Со цел да го добие детето по разводот, стружанец со помош на својата сестра обезбедил лажно лекарско уверение дека неговата поранешна сопруга е психички болна, информира полицијата.

Од таму појаснуваат дека ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е. Ш. (61) од Струшко, А. А. (23) од Струшко и А. М. (28) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело издавање и употреба на невистинито лекарско уверение.

Во текот на 2019, А. А., со цел да го добие детето во бракоразводната парница, решил да обезбеди невистинито лекарско уверение дека неговата поранешна сопруга е психички болна и ја ангажирал А. М., неговата сестра, да му обезбеди лажно лекарско уверение.

На 3.12.2019 година, без присуство на оштетената, која се наоѓала надвор од државата, извадила уверение, кое му го предала на својот брат да го приложи како доказ во Меѓуопштински центар за социјални работи, кое го примил Е. Ш..

error: Содржината е заштитена од копирање !!