Јоци позитивно изненадена од кампањата на Јакимовски
15/10/2021 16:12Јорданка Ивановска-Јоци на својата фејсбук страна ја коментираше изборната кампања на Стевче Јакимовски, кој е во трка за градоначалничкото место во општина Карпош.
Таа пишува дека е позитивно изненадена од неговата кампања и неговата посветеност.
„Стево Гром си прави лајв стримови, си води сам герила кампања за Карпош, снима спотови сам, 24/7 е вклучен…
Значи ваков лик, да се бори со нозе и раце, да клоца до крај за четврт мандат – еднаш мајка раѓа!
На сите страни е човеков, клониран е насекаде. Во кревет ќе ни влезе просто!
ℹ Иначе…уште не му праам муабет! Више 8 години.
Али го следам што прави, интересно ми е да видам до каде ќе оди и дали ќе успее. Нема да ме чуди ништо од него.
Него, ако влезе во 2 круг во Карпош, ќе ви раскажувам смешки од патувања, разни дешавки, караници…еваааа, го знам 20 години“, напиша Јоци.




![Јорданка предвидува победа на ВМРО во Ѓорче, Аеродром и Кисела Вода - Петре мора да си оди silegov-94624109453-scaled[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/06/silegov-94624109453-scaled1.jpg)
