MKinformer

your daily dose of news

Јоци на Фејсбук: Стевче Јакимовски e фeнoмeн

18/10/2021 13:47

Јорданка Ивановска-Јоци на социјалната мрежа Фејсбук повторно го коментира кандидатот за градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски.

Јоци истакна дека Стевчо е навистина феномен и дека очигледно е новиот градоначалник на општина Карпош.

Во продолжение објавата на Фејсбук:

#Стевчо е феномен и како таков оди во втор круг и очигледно е новиот градоначалник на #Карпош. (Весковски има 9.500, а вмровскиот кандидат има 6.500 гласови на конто кои ќе завршат кај Стевчо плус има 3.500 на конто на Левица).

Жените од цел Карпош му завршија голема работа, му останаа лојални со години! Си го сакаат, фраер им е, висок, испраен, нешо таму Ричард Гир со косана, шампион по карате во екс ЈУ (освен што раскажуваше, тоа си го стави и во монографија за Карпош мислам).
Стево башка уште си го држи Нерези ко упориште.
Ај, ви ветив смешки со Стево од службени патувања, па ќе ви раскажам некои вечер.
Иначе, ова ќе му биде 4 мандат ако истурка докрај она што замислил.
Сè си знае, дури и шо цвеќиња имаме по тераси.
Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.
error: Содржината е заштитена од копирање !!