(Видео) Приведен жител на Гостивар во Скопје: Запленета дрога во вредност од 200 илјади евра – ова се деталите
25/12/2021 10:29Како што информира МВР, службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи на улица „Босна и Херцеговина” во Скопје го привеле А.О. (37) од Гостивар, кај кого се пронајдени околу пет килограми хероин во вредност од околу 200.000 евра, кои ги носел во ранец.
– При преглед на ранецот пронајден е хероинот, кој бил спакуван во девет пакувања. Пронајденото е одземено, А.О. е лишен од слобода и во текот на денот до надлежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за извршено кривично дело по член 215, се додава во соопштението.
Министерството за внатрешни работи потенцира дека продолжува со континуираната борба против недозволената трговија со дрога „за што сведочат и постојаните заплени на дрога и приведување на лицата што ги вршат овие кривични дела”.

![(Фото+Видео) Голема пoлициcкa aкцијa вo тeкoт нa нoќтa: Зaплeнeтa дpoгa вo вpeднocт oд 200 илjaди eвpa - oвa ce дeтaлитe policija-mk-777x437-225346[1]](https://mkinformer.com/wp-content/uploads/2021/05/policija-mk-777x437-2253461.jpg)




