ДАЛИ „ЗАМРЗНАТИТЕ“ ЦЕНИ, ЌЕ ГИ СТОПЛАТ ГРАЃАНИТЕ?
07/03/2023 12:21По „извојуваната“ битка на Владата со големите производители на леб и бели пецива, министерот за економија Крешник Бектеши најави замрзнување и на друг тип прехранбени производи. Станува збор за тестенините и некои видови на млечни продукти, кои спаѓаат во групата на основни продукти од малопродажбата. По бурните протести, па дури и закани од најмоќните производители во прехранбено-пекарската индустрија, дека ќе сопрат со производството на леб и бели пецива (што траеше цели два дена), производителите „легнаа на брашното“, и прифатија да произведуваат леб по предвидената цена од 33 денари.
Ова особено дојде, по бурните реакции на граѓаните на социјалните мрежи, но и насекаде, големите газди попуштија, но под „услов“ да бидат и понатаму субвенционирани. Македонските граѓани, втора година живеат во ценовен инфлаторен шок, предизвикан најмногу од руската воена агресија врз Украина, кога цените на многу продукти, се поскапија и до 70 % од претходната пазарна вредност, и покрај тоа што официјалните владини соопштенија, велат дека инфлацијата не надминува над 16 %.





