АЛАРМАНТНО! По Клинички Центар, поради поплава затворени се и хируршките сали во ГОБ 8ми Септември
27/06/2024 16:27Доктор Ненад Лазаров посочува дека ваква катастрофа не памети здравството. Коментарот доаѓа откако се затворија салите на Клинички центар, а хаварија има во ГОБ „8 септември“.

„После клинички центар, денес поради хаварија од дождовите се затвораат хируршките сали и во ГОБ 8ми Септември. Последна линија на одбрана на пациентите останува да биде Градска хируршка Св.Наум Охридски. Господ нека им е на помош, среќа има кадарен директор ама не е магионичар. Оваква катастрофа не памти здравството, ете тоа оставивте во наследство“, напиша Лазаров.
Не може да се оперира во салите на третиот кат од болницата „8 септември“, а опремата се преместува на долните катови. Ова е епилогот од прокиснувањето на хируршкиот блок во болницата, по вчерашното невреме. Се спроведуваат итните и неодложни операции.






