КЛИНИКА ЗА НЕВРОЛОГИЈА СЕ МОЛЕРУСУВА ПОВТОРНО, ОД ВМРО-ДПМНЕ РЕАГИРААТ ЗА СОМНИТЕЛНИ ТЕНДЕРИ
29/06/2024 16:46На Клиниката за нефрологија раководството се спрема за заминување или организацискиот директор до последен момент по секоја цена треба да реализира тендер за молерисување на ѕидовите, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното партиско соопштение.

„Со оглед дека на Клиника за нефрологија денеска, сабота, се молерисуваат ѕидовите кои веќе се молерисани пред извесен период прашуваме, за која фирма станува збор, за каква набавка, што сѐ опфаќа набавката и за која сума, дали се безбедни пациентите? Дали се постапува по процедурите предвидени со закон и дали се испочитувани насоките на Инпекторатот во вакви случаи?“, прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.






