ЌЕ ДАДЕМЕ МАКСИМУМ РОНАЛДО ДА ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА НЕГОВОТО ПОСЛЕДНО ЕВРО
04/07/2024 9:24Дефанзивецот на Португалија, Нуно Мендеш ја истакна решителноста на сите негови соиграчи да дадат максимум во обидот Кристијано Роналдо да го подигне трофејот на неговото последно Европско првенство.

-Ова е неговото последно евро и ќе направиме сѐ за да му го подариме трофејот, изјави Мендеш за „A Bola“.
Роналдо по победата над Словенија (0:0, пенали – 3:0) се пласираше во осминафиналето на Евро 2024, а тој по натпреварот изјави дека овој континентален турнир ќе му биде последен.
Во четвртфиналето на ЕП Португалија ќе се сретне со Франција. Натпреварот ќе се одигра на 5 јули со почеток во 21 часот.






