(ВИДЕО) КАКВИ ГЕНЕРАЦИИ РАСТАТ ВО СКОПЈЕ? Тинејџери демолираат детско игралиште во Ценар
11/07/2024 13:46На платформата Х е објавено видео на кое се гледа како група тинејџери вандализираат детско игралиште во Општина Центар.

Во видеото јасно се гледа како поголема група тинејџери на различни возрасти ги кршат реквизитите. Дополнително во групата има и девојчиња кои соучествуваат во вандалскиот чин.
Општините низ Скопје во повеќе наврати апелираа за вандализмот на детските игралишта, а досега МВР нема фатено ниту еден сторител.
Овие детски катчиња се направени со пари на граѓаните, а деструктивноста на младите генерации се повеќе е загрижувачка
Оваа снимка е од Општина Центар, погледнете какви дебили сте родиле и воспитале Пу да ви…. pic.twitter.com/MjLwUAMToe
— Сирма 💥🌺 (@tyo88x) July 11, 2024






