СЕДНАЛЕ ДА СЕ СМИРАТ, ПА ПОЧНАЛЕ ДА ПУКААТ: Детали за вчерашното пукање во скопски Чаир
18/07/2024 7:47Син на сопственик на позната чајџилница има престрелна рана по вчерашното пукање, кое вчеравечер се случи во Чаир.

Првичните неофицијални информации се дека оваа пресметка се врзува со обид за помирување на две семејства од кои едното е од Сингелиќ.
Полицијата дознала за настанот по пријава на чаирчанец кој чул пукање на улицата „Дижонска“. Сведоци посочуваат дека на локацијата имало траги од крв.
Последните информации за повредениот се дека тој е опериран и е во стабилна состојба.
Деталите за лоцирање на убиецот се очекуваат од МВР.





