Без вода утрово две скопски улици и една болница
15/11/2025 9:28
Од ЈП „Водовод и Канализација“ информираат дека денес, 15 ноември 2025 година, поради уличен дефект на ул. Дижонска бр. 17, без вода ќе останат дел од корисниците во општина Чаир.
Прекинот ќе ги опфати:
-
Корисниците на ул. Дижонска
-
Корисниците на ул. Коста Абрашевиќ
-
Објектот на Гинекологија Чаир
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот и ќе трае до целосно отстранување на дефектот.
Од претпријатието апелираат граѓаните навреме да се прилагодат на прекинот и да обезбедат потребни резерви на вода.



